top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Амбер Херд во финансиски проблеми? Им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп

Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија и медиумски извештаи дека им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп по загубата на правната битка иницирана од поранешниот сопруг, пишува шпанска „Марка“. Според пресудата, актерката мора да му плати отштета на Деп над 10 милиони долари, а неколку таблоиди тврдат дека таа на адвокатите им должи уште поголема сума. Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата. Кога судијата одлучи дека таа мора да му плати на Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи речиси 15 милиони долари на своите адвокати. Херд наводно има милионски долгови кон нејзините поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании, кои наводно се вмешале во судскиот спор, но сега одбиваат да ѝ ги платат трошоците. Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да гпокрие ниту минимален дел од двата долга.



0 views

Comments


bottom of page