top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Амазон“ ја префрла продукцијата на „Господар на прстените“ во Британија

Телевизискиот и филмски бизнис на „Амазон“ ја преместува продукцијата на мулимилионската серија „Господар на прстените“ во Велика Британија од Нов Зеланд. Фантастичниот еп кој сè уште нема наслов е сместен илјадници години пред настаните во книгите на Џ.Р. Толкин, „Хобит“ и „Господар на прстените“. Компанијата соопшти дека овој потег е дел од планот за проширување на продукцискиот простор и консолидација на трагата во Обединетото Кралство. Студиото „Амазон“ потроши 465 милиони долари за првата сезона на серијата. Се очекува да бидат снимени уште четири сезони, што би ја направило една од најскапите серии во историјата на телевизијата. Зелената природа и прекрасните пејсажи на Нов Зеланд беа дом и на трилогијата „Господарот на прстените“ и „Хобит“ во режија на Питер Џексон. Амазон рече дека работата на првата сезона ќе биде завршена во Нов Зеланд пред продукцијата да се префрли во Британија.




1 view

Comentarios


bottom of page