„Амазон“ го снима серијалот „Ол ор натинг“ со Јувентус
16.02.2021 februari vtornik
Јувентус има сезона со многу осцилации во која доби и тренер-дебитант во Андреа Пирло, а многу интересни моменти од истата ќе бидат опфатени во серијалот на „Амазон“. Се работи за серијалот „Ол ор натинг“, во кој веќе учествуваа Манчестер Сити, Баерн Минхен и Тотенхем, а преку него навивачите ќе дознаат работи кои засега не и се познати на јавноста, а се случуваат зад сцената. „Бјанконерите“ се прв италијански клуб кој е дел од популарниот серијал, а интересот за него ќе биде сериозен не само поради ѕвездите предводени од Кристијано Роналдо, туку и поради Пирло кој зад себе има голема фудбалска кариера. Јавноста со нетрпение очекува и дали ќе биде опфатен периодот на тренерската смена, односно отказот на Маурицио Сари и изненадувачката промоција на Пирло. Јувентус беше првиот фудбалски клуб кој сними серијал „Фирст тим“ за „Нетфликс“, но истиот не доби втора сезона. Првата епизода од проектот на „Амазон“ би требало да биде емитувана кон крајот на актуелната сезона.
Comments