top of page

„Амазон“ го купи филмското студио MГM

Amazon.com Inc во четвртокот соопшти дека го заклучил договорот вреден 8,5 милијарди долари за купување на MGM. Овој потег резултира во спојување на легендарното холивудско филмско студио, кое, меѓу другото, стои зад серијалот филмови за Роки и Џејмс Бонд – со гигантот за онлајн-трговија, кој сака да ја зголеми понудата на својот сервис за стриминг, „Амазон прајм“, и да привлече нови корисници. Во соопштението „Амазон“ наведува дека ќе им посака добредојде на сите вработени од МГМ во компанијата и ќе работи со раководството на студиото, што укажува дека нема да има отпуштања. Одлуката на „Амазон“ да го финализира договорот доаѓа по истекувањето на рокот на американската Федерална трговска комисија да го оспори овој договор. Гигантот за онлајн-купување со седиште во Сиетл ја објави трансакцијата во мај 2021 година додавајќи дека МГМ понудил ризница содржини за да ги привлече потрошувачите во својот клуб за брза испорака и стриминг, „Прајм“, кој чини 14,99 долари месечно во САД. „Амазон“ плати 8,5 милијарди долари за MGM, што е втора најголема аквизиција од страна на компанијата откако во 2017 година плати речиси 14 милијарди долари за синџирот супермаркети Whole Foods.


 
 
 

Komentar


bottom of page