Алфа Ромео го продолжи договорот со Заубер и останува во Формула 1
Италијанскиот производител Алфа Ромео денеска потврди дека потпишал нов повеќегодишен договор со Заубер, што значи продолжување на учеството на брендот во Формула 1 шампионатот.
Алфа Ромео се врати во Ф1 во 2018 година, потпишувајќи техничка и комерцијална соработка со Заубер, а една година подоцна тимот беше ребрендиран и го носи името на италијанскиот бренд.
Од тимот најавија дека ќе се адаптираат на новите регулативи кои ќе важат од 2022 година, а притоа нема да имаат проблем со намалувањето на буџетите, бидејќи одамна функционираат на тоа ниво.
Алфа Ромео и Заубер ќе ја продолжат соработката и надвор од Формула 1, каде инженерите на швајцарската компанија имаат позитивно влијание врз развојот на новите модели и изведби на италијанскиот производител на автомобили.
Во моментов Алфа Ромео е на осмото место на ранкингот меѓу конструкторите, а возачи и сезонава се Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Commentaires