Search
Алушовски ја заврши приказната со исландски Тор
Поранешниот македонски репрезентативец, Стевче Алушовски нема повеќе да го води исладскиот клуб Тор Акурејри.
Алушовски и Тор седнаа на маса и одлучија да ја прекинат соработката поради разликите во амбиците. Македонскиот стратег и клубот потпишаа тригодишен договор пред почетокот на сезонава и тоа говори дека си имало долгорочен план, меѓутоа во меѓувреме се сменија работите, ветувањата не беа исполнети и двете страни се разделија.
Ова за Стевче беше прв предизвик надвор од Македонија, претходно во нашата земја ги водеше Вардар и Пелистер.
Comments