АЛПСКО СКИЈАЊЕЈул скијаше од последното до првото место за историскитриумф
07.02.2024 Februari sreda
АЛПСКО СКИЈАЊЕЈул скијаше од последното до првото место за историски
триумф
Лут на себе по огромната грешка во првото возење во Шамони во неделата, Даниел Јул (Швајцарија) извика од фрустрација во финишот и мислеше дека неговиот ден е завршен, но четири часа подоцна ги крена рацете во триумф, како прв скијач во историјата што стигнал од 30-то место по првото возење до победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање за мажи, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Искористувајќи ја целосната предност на чистата патека како последен квалификант и прв скијач во второто возење, Јул постави време што следните 29 скијачи, сите со зголемена предност пред него од речиси две секунди, не можеа да го надминат. Тој победи со 16 стотинки пред тимскиот колега Лоик Мејард, а лидерот по првото возење Клемент Ноел (Франција) го освои третото место. Јул по првата трка имаше 1,93 секунда побавно време од Ноел, по што имаше нервозно чекање дури и да види дали ќе се квалификува за второто возење, што го направи за само пет стотинки.– Апсолутно неверојатно. Морам да кажам дека имав навистина среќа што останав 30-ти по првото возење, но потоа имав неверојатно второ возење. Веќе ги спакував куферите и бев подготвен да се вратам во хотелот, но потоа добив можност да скијам на втората трка. Помислив „во ред, времето е топло, имаш совршена патека“, па можеби ќе одам и да се тркам за влез меѓу првите 10 или нешто слично, но не сонував за победа. Беше топло кога излезе сонцето, патеката претрпе малку повеќе во второто возење. Дефинитивно имав среќа, но и ја искористив мојата шанса. Во кариерата понекогаш имаш среќа, многупати јас сум бил на другата страна – рече Јул. Н.М.
Comments