top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алонсо надмина рекорд на Шумахер

ФОРМУЛА 1

Шпанецот Фернандо Алонсо стана возач што најдолго се натпреварува во Формула 1, откако ја заврши трката за големата награда на Азербејџан, која се возеше во главниот град Баку.

Алонсо (40) на оваа трка го собори рекордот на Михаел Шумахер, кој изнесуваше 21 година и три месеци, додека Алонсо е присутен на патеките 21 година, три месеци и осум дена.

Ниту еден актуелен возач во Формула 1, освен Алонсо, не е во првите 10 кога станува збор за листата на оние со најдолг стаж на патеките.

Алонсо заврши на седмото место во Азербејџан, додека првото место по третпат годинава го освои актуелниот светски првак Макс Верстапен од Ред Бул, пред неговиот клупски колега Серхио Перез. На табелата води Верстапен со 150 поени пред Перез со 129 и Шарл Леклер 116 бода. Кај конструкторите прв е Ред Бул со 279 поени, Ферари е втор со 199.


1 view

Comments


bottom of page