Алонсо искрено објасни зошто ги одби Ливерпул и Баерн
11.04.2024 April Cetvrtok
Чаби Алонсо имаше доста дистракции во изминатите два месеци и му беше тешко да се насочи кон својата работа во Баер Леверкузен, бидејќи фудбалски великани како Ливерул и Баерн Минхен отпочнаа преговори со неговите агенти.
Англискиот и германскиот клуб го посакуваа Чаби во својот проект и отворено говореа за можноста да им се приклучи, но шпанскиот стручњак реши сам да стави крај на овие шпекулации, бидејќи пред десетина дена излезе со објава дека ќе остане најмалку уште една сезона на „БајАрена“.
Алонсо е на прагот да му ја донесе првата историска титула на Баер во Бундеслигата, а поради специјалната хемија која ја воспостави со играчите, Чаби решил да им каже „НЕ“ на клубови кои тешко се одбиваат, особено ако се знае дека и играше за нив.
– Има повеќе причини поради кои решив да останам во клубот. После една година, изградивме добар тим и изградивме дух. Тоа е нашата цел. Има многу причини, но и многу играчи поради кои останав тука. Сезоната е одлична досега и сигурен сум дека можеме да продолжиме како досега.
– Се чувствувам дел од тимот и дел од проектот. Едноставно е, после само една година, не сметам дека е вистинско време за заминување. Ова не е добар тајминг за разделба и затоа останувам верен, – објаснува Чаби во интервју за „ТНТ Спортс“.
Comments