top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас ја послушал незаборавната шампионка: Нејзиниот совет беше клуч за победата над Ѓоковиќ

Карлос Алкарас во неделата си го исполни својот животен сон и на само 20 години го освои Вимблдон, со што стана само третиот Шпанец по Сантана и Надал кој го освоил најпрестижниот турнир во светот. Младиот Карлос ја прекина неверојатната доминација на Новак Ѓоковиќ и го спречи во налетот да стигне до петта титула во низа на Ол Ингланд клубот, а воедно му го нанесе првиот пораз на централниот терен после цели десет години. Алкарас го направи тоа со агресивен и напаѓачки тенис и го доби трилерот во пет сета, а според него, еден од клучевите за успехот бил советот кој го послушал од легендарната Мартина Навратилова. Деветкратната шампионка на Вимблдон за време на турнирот го советуваше Алкарас да користи повеќе „слајс“ и почесто да излегува на мрежа кога ги напаѓа ривалите, а Алкарас ги користеше токму овие оружја во финалето со Ѓоковиќ кое го доби со 3:2. – Советот од Мартина навистина многу ми помогна. Ја видов веднаш по финалето и ѝ порачав дека нејзиниот совет беше клучен за да го победам Ѓоковиќ. Многу често ја сечев топката и играв слајс, направив се што ми предложи. Морав да ја послушам, таа е деветкратна шампионка на Вимблдон, мора да направите се што ќе ви каже како совет, – открива Алкарас.


1 view

Comments


bottom of page