Алкарас ја доби драмата со Чилиќ, тенисот добива нов грен слем шампион
Карлос Алкарас продолжи да сонува за првото место на АТП листата и за прва грен слем титула во кариерата, откако денеска во супер неизвесен меч, на крајот имаше повеќе нерви и сила во пресметката со Марин Чилиќ.
Талентираниот шпански тенисер на крајот ја доби драмата со Хрватот во петтиот сет и славеше со 3:2, што значи дека ќе добиеме нов владетел во Њујорк, но и нов грен слем шампион во тенисот.
Марин беше последниот играч во ждребот кој претходно има славено на еден од четирите најважни турнири, па сега стана јасно дека тенисот ќе добие нов грен слем шампион, сценарио до кое се дојде откако Новак доби забрана за играње во Њујорк, Медведев испадна од Кирјос, а Надал утрово беше шокантно елиминиран од Тиафо.
Покрај Тиафо, Кирјос и Алкарас, во четвртфиналето се пласираа и Синер, Хачанов, Руд, Беретини и Рубљов, а ниту еден од овие осум нема освоено грен слем титула.
Интересно, само тројца од нив имаат стигнато до грен слем финале, а тоа се Кирјос, Руд и Беретини.
Comentários