top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас: Тешко е да се најде слабост во играта на Ѓоковиќ, сакам финале на Вимблдон

Првиот светски рекет, Карлос Алкарас се надева на квалитетен настап на Вимблдон или поточно третиот грен слем за оваа 2023 година. Шпанецот можеби е прв носител и прв на АТП листата, но дефинитивно фаворит за пехарот во Лондон е Новак Ѓоковиќ и тоа добро го знае талентираниот ас кој е предводен од Хуан Карлос Фереро. -Би рекол дека сите се под притисок. Не само јас, туку сите што треба да играат што е можно подобро три часа на Грен слем. Морам да се носам со тоа, но тоа е нешто што го сакам. Се надевам дека ќе играм финале со Новак. -Го започнав Квинс без очекувања дека ќе победам и го освоив. Одлично е да се игра на толку високо ниво. Мојата самодоверба многу порасна. Моите очекувања се големи. Мислам дека ќе можам да ги ставам другите играчи под притисок, вклучувајќи го и Ѓоковиќ. Дојдов на Вимблдон со голема самодоверба мислејќи дека можам да направам добар резулта. Сепак, според мене главен фаворит е Ѓоковиќ, -рече Алкарас кој даде комплименти за играта на Србинот. -Ги прави работите многу, многу лесно. Навистина добро се движи. Исто така добро удира, многу чисто. Има чист удар. Мешавина од се. Би рекол дека не прави ништо лошо. Тешко е да се најде слабост во неговата игра, -заклучи Карлос кој на стартот ќе се соочи со Жереми Шарди.


2 views

Comments


bottom of page