Алкарас се расплака пред камерата, па му оддаде признание на Ѓоковиќ (Видео) олимписки игри Парис Франција 2024 фото и видео
12.08.2024 Avgust Ponedelnik
Објавата е од 04.08.2024 Август Недела
Карлос Алкарас може да биде горд на своето прво патување на дебитантските Олимписки игри, но сепак денеска ја почувствува и горлчивата страна на тенисот во големото финале со Новак Ѓоковиќ.
Неполн месец по тешкиот пораз кој го претрпе во финалето на Вимблдон, Србинот денеска му се реваншираше на младиот Шпанец и стигна до успехот кој единствено му недостасуваше во кариерата, па така комплетираше еден невероајтен тениски циклус со достигнување на „Златен слем“.
Покрај сите освоени грен слем титули, Ноле сега го обедини и златниот медал на Олимиските игри, достигнување кое во машка конкуренција го имаа остварено само Рафаел Надал и Андре Агаси.
Ѓоковиќ со мноогу емоции го прослави најсјаното одличје во својата репрезентативна кариера, додека Карлос не ги криеше емоциите и се расплака пред да даде интервју за Алекс Кореча.
Шпанецот не можеше да се соземе по болниот пораз во двата тајбрејка, но откако успеа да се прибере, му оддаде признание на 16 години повозрасниот тенисер.
– Новак беше гладен и тоа се виде уште од стартот. Сакаше да го освои златото и тоа го знаев пред финалето. Беше гладен за златото и тоа го чувствував цел меч. Тој беше подобар и го заслужи ова.
– Знам дека цел шпански народ чекаше злато, верувајте дека и јас сакав да го освојам. И покрај поразот, мислам дека ги направив горди сите кои ја сакаат Шпанија. Игравме два тајбрејка, тој беше подобар во клучните моменти, едноставно имаше подобри решенија. Кога се кршеше мечот, тој беше подобар, а јас не бев на негово ниво. И покрај се, си одам дома со подигната глава, се враќам дома со сребро и навистина сум горд. Знам дека цела Шпанија очекуваше повеќе, но ова е важен момент за мојата кариера. Ова ќе има влијание врз мене, се надевам дека ќе бидам уште подобар тенисер после овој пораз, – изјави Алкарас.
Comments