top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас сака да го повтори успехот на Федерер: Имам голема самодоверба, подготвен сум!

20.03.2024 Mart Sreda

Карлос Алкарас славеше на Мастерсот во Индијан Велс што за него беше прва титула во 2024 година, а воден од тој резултат сака да дојде до уште еден успех и тоа на турнирот во Мајами.

Шпанецот смета дека е подготвен да дојде до „Саншајн дабл“ и да стане прв играч по Рожер Федерер (2017 година) кој ги освоил овие две титули во иста година.

-Се чувствувам навистина одлично, имам голема самодоверба. Мислам дека играм одличен тенис. Среќен сум што сум повторно во Мајами, навистина посебно место за мене каде што играв одличен тенис во изминатите години. Се чувствувам одлично, физички и психички, подготвен сум, -порача Карлос кој е пресреќен што соработува со Хуан Карлос Фереро.

-Зависи како ме гледа. Дали многу се мачам, дали сум во во проблеми или не, ми кажува во зависност од моментот. Можам да ви кажам дека една од работите што најмногу ми зборува е: „Насмевни се“.

-Многу ми значи. Тој очигледно е голем поддршка кога го имам во боксот. Неговата поддршка е навистина посебна. Тоа е долг заеднички пат, веќе шест години. Почнавме кога јас бев јуниор, тој патуваше со мене. Заедно завршивме одлична работа. Поминувам многу време со него на турнирите и надвор од него. Имаме навистина добри односи и на професионален и на личен план. Научив многу од него, рече Шпанецот.


1 view

Commentaires


bottom of page