top of page
Search

Алкарас преку драма и пет сета до осминафинале на Вимблдон (ВИДЕО)

05.07.2024 juli Petok

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на најпрестижниот грен слем Вимблдон.

Алкарас ја брани титулата во Лондон, а денеска го имаше најсериозниот тест и тоа против Френсис Тијафо кој знае да биде незгоден противник за него и да му направи проблеми. Американецот покажа дека има решение за Карлос, но Шпанецот го имаше последниот збор и со  5:7, 6:2, 4:6, 7:6, 6:2 обезбеди место во наредната фаза.

Френсис двапати водеше на мечот со 1-0 и 2-1 во сетови, се избори за тај-брејк во четвртиот сет во кој сепак Алкарас беше доминантен и славеше со 7-2 за да во решавашката рунда направи два брејка и ја потврди улогата на фаворит.

Нареден ривал ќе му биде подобриот од натпреварот Накашима-Умбер.


1 view

Comments


bottom of page