Алкарас посочи кој играч има најголеми шанси да го победи Ѓоковиќ на Вимблдон
Карлос Алкарас не успеа на перфектен начин да ја заокружи сезоната на земја (загуби од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос), па сега мора да се подготви за новите предизвици кои се на трева, подлога која на Шпанецот воопшто не му е омилена.
Тоа Шпанецот не го крие, па запрашан за тоа кој би можел да го предизвик Ѓоковиќ на „Вимблдон“, тој издвои едно име-Ник Кирјос.
-Кирјос играше во финалето на Вимблдон и е многу добар на трева. Не велам дека не сум способен да го победам Ѓоковиќ, но имам помали шанси отколку на другите подлоги. Мислам дека Кирјос има повеќе шанси од кој било друг играч да го добие Новак, -рече Карлос и додаде:
-Мислам дека реков дека можам да победам на кој било турнир на кој играм. Очигледно на трева е малку покомплицирано бидејќи немам големо искуство и на натпреварите што ги играв малку се мачев. Ѓоковиќ заедно со Федерер, еден од најголемите играчи на тревна подлога. Така што ќе биде многу комплицирано, -заклучи вториот светски рекет.
Comentarios