Search
Алкарас по триумфот на Вимблдон: По овој меч поинаку ќе гледам на работите
- Aleksandar Santovski
- Jul 17, 2023
- 1 min read
Карлос Алкарас не му дозволи на Новак Ѓоковиќ да го подобри рекордот за бројот на освоени грен-слем титули и во жестока битка стигна до пехарот на Вимблдон.
Србинот беше фаворит во пресметка со помладиот колега, но не успеа да излезе како победник во петте динамични сетови, а Алкарас по мечот истакнал дека оваа победа ќе има посебно влијание на неговата самодоверба.
– Пред мечот мислев дека нема да можам да победам.
– Но, по овој епски меч веројатно ќе гледам поинаку на работите, секогаш ќе го земам за пример овој дуел.
– Ќе знам дека сум подготвен за пет сета, за долги размени, да останам физички и ментално во мечот. Веројатно ова финале ќе го промени мојот став засекогаш, – истакнал Алкарас на прес-конференцијата по мечот.

Comments