top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас по поразот во финалето: Научив уште една лекција од Ѓоковиќ

Карлос Алкарас имаше неколку тешки дуели на Мастерсот во Синсинати, но кулминацијата дојде со финалето против својот најголем ривал, Новак Ѓоковиќ. Шпанецот имаше водство по првиот сет, беше на чекор до победа, за на крајот со солзи во очите да го слуша емотивниот победнички говор на српскиот тенисер. Алкарас не успеа два пати по ред да го победи Ѓоковиќ во финалните соочувања, но и самиот потенцираше дека и овој пораз за него ќе биде голема лекција за во иднина. – Уморен сум и горд на себе, не знам зошто плачев бидејќи се борев за секоја топка. – За малку ќе го победев еден од најдобрите на сите времиња, сега нема поента да се зборува за тоа, но јас и мојот тим сме горди од сработеното. – Научив уште една лекција од тебе Ѓоковиќ, а за Синсинати, ветувам дека следната година ќе се вратам посилен. Постојат различни порази, некои болат повеќе, некои помалку. Овој пораз е болен, нема да лажам, но од друга страна останува позитивниот аспект дека оставив се на теренот и не можеш да бараш посебна причина за неуспехот, – истакна Алкарас по мечот.


3 views

Comments


bottom of page