top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас откри брутална статистика за Ѓоковиќ по титулата која ја освои во Лондон

Карлос Алкарас ја освои првата титула на тревна подлога во својата кариера и тоа му овозможи да се врати на првото место на АТП листата, но истовремено е и голем потстрек за она што следи. Натпреварувачкиот ритам кој го стекна во Квинс Клубот и освоената титула сигурно носат огромна доза на самодоверба пред настапот на Вимблдон за една недела, но Алкарас е свесен дека на големата сцена во Ол Ингланд Клубот главен фаворит ќе биде Новак Ѓоковиќ. Србинот ќе ја брка осмата титула на зелената трева во Лондон, а Алкарас е свесен дека Србинот ќе биде играчот кој ќе треба да се победи после статистиката која ја видел во најавите за третиот грен слем во годината. – Ова е прва титула за мене на оваа подлога и победата прави да одам со голема самодоверба на Вимблдон. Сепак, кога ќе се погледне статистиката на Ѓоковиќ, тој има повеќе победи на трева од сите топ 20 тенисери во моментов. – Нема потреба да се додаде ништо повеќе, тој е фаворит број еден на Вимблдон за освојување на титулата, но јас ќе се обидам да бидам на највисоко ниво да го победам, или најмалку да стигнам барем до финалето, – изјави Алкарас по триумфот во финалето со Де Минор.


2 views

Comments


bottom of page