top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас направи пресврт, преживеа голема криза и се пласираше во четвртфиналето во Торонто

Карлос Алкарас само вторпат во својата кариера игра на кандаско тло, но своето прво издание во Торонто ќе го памети по тешките два меча кои ги одигра на стартот.

Откако не брилјираше против Шелтон, светскиот рекет број еден имаше уште потежок испит рано утрово, но успеа да преживее многу тешки моменти и се пласираше во четвртфиналето.

Најголемите шампиони во тенисот се препознаваат и по тоа што победуваат кога немаат најдобар ден, бидејќи Карлитос го направи токму тоа за да се пласира во прво полуфинале на Мастерсот во Торонто.

Хуберт Хуркач беше нависитна тешка пречка за минување и Полјакот поведе со 6:3 и 1:0 во вториот сет, но иако имаше предност од брејк во оваа фаза, сепак тоа не беше доволно за да се скрши Алкарас.

Упорниот Шпанец се врати во вториот сет и успеа да го добие истиот во тајбрејкот со 7:2, а кога се чинеше дека моментумот е на негова страна, следеше нов неочекуван расплет.

Алкарас поведе со 5:2 во одлучувачкиот сет и не искористи една меч топка на свој сервис при овој резултат, по што влезе во сериозна резултатска криза, од која некако успеа да се извлече. Хуби со серија од четири гејма поведе со 6:5, но Карлитос израмни и го однесе мечот во нов тајбрејк, во кој славеше исто така лесно со 7:3.

Во следната фаза, противник на Алкарас ќе му биде Томи Пол, играчот од кого загуби во Монтреал пред една година.



3 views

Comments


bottom of page