top of page

Алкарас: Надал ме уништи во Мадрид, ама сега…

Младиот Шпанец, Карлос Алкарас ќе биде ривал на Рафаел Надал во полуфиналето на Мастерсот од серијата 1000 во Индијан Велс.

Алкарас го суреди Камерон Нори со 2-0 во сетови и со тоа стана најмлади полуфиналист на овој турнир уште од Андре Агаси вод 1988 година. Надал воедно важи и за идол на Карлос, па поради ова со внимание се очекува овој дуел меѓу двајцата, втор меѓусебен со тоа што првиот во Мадрид заврши убедливо во полза на повозрасниот со 6:1, 6:2.

-Ме уништи во Мадрид. Мислам дека овој пат ќе биде поинаку. Сега сум позрел. Подготвен сум да се соочам со него во полуфиналето. Кога беше на моја возраст, тој имаше освоен грен слем, па неверојатно е кога ќе слушнете дека Рафа се гледа себеси во мене во тие години, -истакна Алкарас и додаде:

-Тој е мојот идол, никогаш не е лесно да се игра против него. Мислам дека ќе биде фантастичен натпревар и големо искуство. Ќе уживам во секоја секунда од натпреварот. За мене ова е посебно искуство, -порача тинеџерот.


 
 
 

Comments


bottom of page