Алкарас: Морам да молчам и да слушам
23.07.2024 Juli Vtornik
Карлос Алкарас ќе се обиде да дојде до нов голем резултат во кариерата и тоа на престојните Летни Олимписки Игри во Париз.
По титулите на Ролан Гарос и Вимблдон сега следи предизвик во Париз каде секако ќе настапи во сингл, но и и ќе игра во дубл заедно со Рафаел Надал.
Ова дефинитивно ќе биде нешто посебно за Карлос особено ако со Надал стигнат до крај и обезбедат медали за себе, но и за нивната држава.
-Не сум нервозен во моментов. Кога ќе дојде време (за натпреварите), ќе бидам. И да, секако, тој веќе го има поминато ова, веќе знае како е да се игра на Олимписките игри и да се освојува злато во двојки и во сингл.
-Јас сум нов, јас сум дебитант, па морам да молчам и само да го слушам, -истакна Карлос.
Тенискиот турнир се игра од од 27 јули до 4 август.
Comentários