Алкарас искрен за случувањата на Вимблдон: Љубоморен сум поради Федерер
Карлос Алкарас немаше никакви проблеми во воведното коло на Вимблдон и фуриозно се најде во следната рунда, каде се уште не знае со кого ќе се сретне бидејќи дуелот Милер и Риндеркнеш не се доигра.
Шпанскиот тенисер не му даде никаква шанса на искусниот Жереми Шарди на теренот број еден на Вимблдон, а фактот што не играше на централниот терен му падна уште потешко кога дозна дека таму е неговиот идол.
Рожер Федерер испрати неколку меча на централниот терен во Ол Ингланд клубот, но за разлика од други, Алкарас беше искрен и призна дека им љубоморел на оние кои се најдоа на другиот терен.
– Ќе бидам искрен, малку сум љубоморен на оние кои играа на централниот терен, жал ми е што не го гледаше мојот меч. Видов дека е тука на Вимблдон, веднаш го сфатив тоа кога го завршив мечот.
– Имам прекрасни сеќавања од него, нема да го заборавам тренингот кој го имав со него пред четири години. Тоа беше потензично за мене од одигран меч. Сликата која ја направивме по крајот на тренингот, и ден денеска ја имам закачено во мојата соба. Нема подобар од Рожер на тревна подлога, – изјави Алкарас.
Comments