top of page
Search

Алкарас загуби од најдобриот британски тенисер, Ѓоковиќ ќе го мине на АТП листата

20.06.2024 juni Cetvrtok

Карлос Алкарас се обидува да се подготви за Вимблдон, но не помина добро на првиот турнир на тревна подлога каде загуби во осминафиналето во Квинс Клаб во Лондон.

Алкарас беше надигра од најдобриот британски тенисер Џејк Дрејпер со 2-0 во сетови со 7-6(3), 6-3. Џејк беше доминантен и заслужено дојде до најголемата победа во кариерата која го однесе во четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со Томи Пол.

Овој пораз за Шпанецот носи и друг проблем, поточно од понеделник нема повеќе да биде втор светски рекет или поточно неговото место ќе го зазема Новак Ѓоковиќ.

Првата позиција ќе остане наменета за Јаник Синер кој неделава настапува во Хале каде обезбеди место меѓу осумте најдобри, но оствари две тешки победи во три сета.


0 views

Comments


bottom of page