Алкарас: Елиминацијата на Ѓоковиќ е големо изненадување
02.09.2026 Septemvri Sreda
Карлос Алкарас се врати на тениските терени по паузата поради повреда, а на Ју-Ес Опен сепак нема да може да се соочи со Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер посакуваше да се вмеша во борбата за уште еден грен-слем трофеј, во негов прилог одеше и откажувањето на Јаник Синер, но загуби уште во првото коло.
Алкарас вели дека не очекувал вакво сценарио во Њујорк.
– Новак никогаш овде не изгубил во првото коло, па искрено ова беше големо изненадување за мене.
– Кога играч како Ѓоковиќ ќе изгуби во прво коло, тоа секогаш е изненадување. Сепак, не смееме да заборавиме колку е тешко да се добие секој меч на грен-слем турнир, – потенцирал Алкарас.
Шпанецот ќе го продолжи настапот на американско тло, а следен противник му е Португалецот Фарија.







Comments