top of page

Алкарас доживеа нестварен тениски колапс: Не знам што ми се случи (Видео)

Oct 5
1 min read

05.10.2026 Oktomvri Ponedelnik

Карлос Алкарас ќе игра прво финале по пауза од шест месеци и тоа ќе го направи на турнирот во Токио, но пред да обезбеди пласман на завршниот меч во Јапонија, Шпанецот мораше добро да се намачи на теренот.

Хауме Мунар навистина добро го предизвика својот сонародник, кој денеска успеа да се врати иако влезе во вистинска агонија на крајот на првиот сет.

Алкарас не материјализираше позитива од 5:3 во првиот сет и на крајот загуби со 7:5, но во овој дел од играта, му се случи нешто што не му се случило во кариерата.

Карлитос загуби 16 поени во низа и го подари првиот сет на Мунар, па и самиот не можеше да даде точен одговор за тоа што му се случи во завршницата од тој дел од мечот.

– Да бидам искрен, не знам што ми се случи. Многу добро го отворив мечот, поведов со 5:3 и сервирав за сет, а потоа следеше огромен пад. Страдам во сите први сетови кои ги играм тука, но потоа го пронаоѓам вистинскиот ритам. Далеку сум од моето најдобро ниво, но среќен сум што успевам да реагирам и што се враќам во мечот, – изјави Алкарас.


 
 
 

Comments


bottom of page