top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алкарас: Го имам истото чувство како минатата година

Карлос Алкарас успешно го мина првиот тест на Ју-Ес Опен и тоа против германскиот тенисер Доминик Кепфер.

Алкарас мина еден час на теренот каде водеше со 1-0 во сетови (6-2) и 3-2 во вториот по што противникот одлучи да го предаде мечот поради повреда.

-Голема штета за него, се повреди на првиот гејм, ова не е најдобриот начин да се помине понатаму. Сепак, морам да се фокусирам на себе. Играше одлично, но јас се чувствував добро на теренот, се надевам дека ќе го задржам тоа ниво и во следната рунда. Се надевам дека Доминик брзо ќе закрепне и ќе се врати што е можно поскоро, -истакна Карлос кој е среќен што одново игра во Њујорк и ја има поддршката од публиката.

-Ова е теренот на кој сакам да играм, тоа прво исчекорување на теренот, чувството е неверојатно, ја почувствував истата енергија како и минатата година, -порача Шпанецот кој за следен ривал го има Лојд Херис од Јужна Африка.


1 view

Comments


bottom of page