top of page

Алкарас без загубен сет до второто коло, Циципас разочара тенисер со големи амбиции на Ју-Ес Опен

Sep 1
1 min read

31.08.2026 Avgust Ponedelnik

Карлос Алкарас помина околу 140 минути на теренот на мечот со Роман Сафиулин на Ју-Ес Опен и успеа да го помине првото коло без загубен сет.

Шпанецот се врати на престижните турнири по подолгата пауза поради повреда, па неговите фанови со нетрпение го очекуваа премиерниот настап во Њујорк, каде денеска славеше со 3:0.

Сите три сета Алкарас ги доби со 6:4 и сега ќе се подготвува за следниот противник, а тоа ќе биде Португалецот Фарија.

Стефанос Циципас поради проблемите со повреди не е на носителските позиции како што беше во минатото, па уште во првата рунда се сретна со Артур Фис, но успеа да го победи амбициозниот Французин, кој периодов играше во одлична форма и триумфираше на Мастерсот во Синсинати.

Фис кој беше десетти носител, го доби првиот сет, а потоа дозволи грчкиот ривал да направи целосен пресврт и да обезбеди втора рунда во Њујорк.


 
 
 

Comments


bottom of page