top of page

Алкарас без борба до четвртфинале на Мастерсот во Париз

Nov 5
1 min read

05.11.2026 Noemvri Cetvrtok

ОбјавеноНајдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас цели кон освојување на титулата на Мастерсот во Париз, цел која сега е поблиску, пореална откако е направен уште еден чекор.

Имено Алкарас обезбеди место во четвртфиналната рунда и тоа без борба откако неговиот ривал Матео Беретини кој се повлече поради повреда.

Карлитос сега мирно ќе може да го дочека наредниот ривал, а тоа ќе биде подобриот од француско-американсиот дуел Филс-Фриц.

Против Французинот има 3-0 во меѓусебните дуели, додека против Фриц има еден пораз во седумте натпревари.

Победи на денешните натпревари остварија Пол, Шелтон, Хиџиката, Ван Аш и Боржес.


 
 
 

Comments


bottom of page