Алкараз го критикува пренатрупаниот распоред
25.09.2024 Septemvri sreda
ТЕНИС
Третиот светски тенисер Карлос Алкараз го критикуваше пренатрупаниот тениски календар, зборувајќи за ова прашање за време на Лејвер-купот, кој е 14-ти турнир за Шпанецот годинава, пишува „Би-би-си“. Алкараз освои два гранслем-турнира годинава, освојувајќи ги Отвореното првенство на Франција и Вимблдон, а исто така и сребрен медал на Летните олимписки игри во Париз.– Во моментов многу добри играчи ќе пропуштат многу турнири поради повреда – вели Алкараз.Лејвер-купот е натпревар помеѓу тимовите на Европа и на светот, а годинашниот натпревар се одржа во Берлин, на кој славеше Европа. Алкараз пред настанот одигра 50 сингл-натпревари во 2024 година, победувајќи на 41 и губејќи девет, пишува „Би-би-си“.Четирикратниот гранслем-победник изјави дека понекогаш се мачи да се мотивира поради количеството тенис во неговиот распоред.– Понекогаш не сакате да одите на турнир. Нема да лажам, веќе неколкупати се чувствував вака. Понекогаш воопшто не се чувствувам мотивиран. Но, како што реков многу, многупати, го играм мојот најдобар тенис кога се насмевнувам и уживам на теренот – рече Алкараз, пренесе „Би-би-си“. Н.М.
Comments