„Алкалоид“ ќе им помага на македонските таеквондисти
Една од најголемите и најуспешни компании во Македонија, „Алкалоид“, вчера во Скопје потпиша договор со Таеквондо-федерацијата на Македонија (ТФМ) за заемно партнерство. Договорот е потпишан за оваа и за следната 2024 година, а целта е Македонија да донесе нови медали од големите натпреварувања.
– За нас како компанија што е општествено одговорна и на која спортот ѝ е приоритет е многу значајно што се вклучуваме како дел од оваа приказна. Станува збор за бисери на македонскиот спорт, кои ја сакаат државата и се насочени кон развојот на спортот. Јас сум оптимист дека ќе славиме нови норми и медали за Македонија и за македонскиот спорт – изјави Живко Мукаетов, генералниот директор на компанијата „Алкалоид“.
На потпишувањето на соработката беа присутни Борче Костовски, претседател на ТФМ и селектор на македонската репрезентација, како и освојувачот на сребро од ЛОИ во Токио, Дејан Георгиевски. И двајцата изразија голема благодарност до „Алкалоид“, но истовремено ветија и нови големи успеси. Г.И.
Commenti