Алкалоид ги претстави новите засилувања, клубот доби интернационалци од Франција и Куба
РК Алкалоид се претстави во одлично светло во натпреварувачката 2022/2023 која успеа да ја заврши на втората позиција во најсилниот домашен шампионат и со тоа да избори за место во групната фаза на Европската лига за оваа сезона.
Ова значи поголем предизвик, задача, па Алкалоид донесе четири засилувања од кои двајца се интернационалци од Франција и Куба. Нови членови на македонскиот вицешампион се македонскиот репрезентативец Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, голманот Алехандро Ромеро и левото крило Арно Бинго.
Најпознат за домашната јавност дефинитивно е бекот Велковски кој е долгогодишен репрезентативец кој во скопскиот тим доаѓа од Пелистер.
foto:www.facebook.com/rkalkaloid
Стојчевиќ е пивот кој има 20 години, висок е 207 сантиметри и важи за голем потенцијал.
foto:www.facebook.com/rkalkaloid
Бинго е поранешен репрезентативец на Франција кој во кариерата има играно Бенфика, Спортинг, Трембле и Монпелје.
foto:www.facebook.com/rkalkaloid
Голманот Ромеро пак е од Куба, ас кој ги има чувано головите на Екс Провaнс, Понто Комбо, Онередс Аристика и Порто.
Comments