Алкалоид ги дозна ривалите за премиерната сезона во Европа, Вардар го чека „пекол“ доколку изненади
Алкалоид ги дозна ривалите за премиерната сезона во Европа, Вардар го чека „пекол“ доколку изненади против Рајн НекарАлкалоид оствари фантастичен успех во својата прва сезоан во најсилната македонска лига, а освоеното второ место направи момците на Кирил Лазаров да имаат премиерен настап во Европа.
Тимот од Автокоманда ќе игра во Лигата на Европа и точно напладне ги дозна ривалите кои ќе ги има својата премиера на стариот континент, а тоа се екипите на Силкеборг, Ла Риоха и Војводина со кои се најде во групата Ф.
Алкалоид чекаше противници од вториот шешир и од првиот го доби силниот дански тим Силкеборг, додека од третиот и четвртиот квалитативен барабан беа извлечени шпанскиот и српскиот ривал.
Ова беше епилогот за нашиот сигурен претставник во групната фаза, во која може да има и втор македонски тим доколку Вардар успее да се надмине себеси и да го мине Рајн Некар во квалификациското коло.
Доколку се случи тоа, Вардар ќе биде сместен во групата А, во која се моќни тимови како Нант, Кристијанштад и Бенфика.
Comments