top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алиша Кис уникатна во спектакуларна наметка со хоризонтот на Њујорк во кристали

Алиша Кис го прослави својот роден град Њујорк на синоќешната „Мет гала“во креација на Ралф Лорен, која вклучува наметка со хоризонтот на градот распореден во кристали. 41-годишната музичка ѕвезда по пристигнувањето им кажа на новинарите дека нејзиниот фустан „го отсликува градот на боговите овде вечерва“. На дизајнерскиот фустан има 200.000 рачно поставени кристали за да го оцртаат хоризонтот на градот. Пејачката на хитот Empire State Of Mind ја истакна својата природна убавина со полна шминка и додаде малку боја со рубин кармин. 15-кратната добитничка на „Греми“ носи накит „Тифани и Ко.“ што вклучува обетки со дијаманти и смарагди, нараквица од злато и платина со дијаманти, смарагди и монтана сафири.




2 views

Comments


bottom of page