top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алиоски: Добро го паметиме овој стадион, тука си ги остваривме нашите соништа

Друштво на селекторо Боби Милевски на прес-конференцијата во Тбилиси му правеше Џани Алиоски, фудбалерот кој е еден од најредовните во македонската фудаблска репрезентација и кој направи голем трансфер во Фенербахче.

Алиоски си најде клуб навреме и доаѓа во посакуван ритам на собирот на репрезентацијата, па како важен дел од стартната постава на Милевски, се надева дека Македонија ќе ги повтори убавите спомени од стадионот во Грузија.

Алиоски со доста болка се сеќава на поразот од месец јуни од Грузија, па мотивиран од тоа, се надева на добра игра и позитивен резултат утре на теренот.

– Добро го паметиме овој стадион, тука си го исполнивме нашиот сон со пласманот на Европското првенство. Сега ситуацијата е поинаква, ќе има добра атмосфера, но за нас задачата не се менува.

– За нас беше многу болен поразот кој го претрпевме во Скопје, сега наше е да покажеме дека можеме многу подоброр од тоа и да оствариме позитивен резултат, – изјави Џани.


1 view

Comments


bottom of page