Search
Ален Делон ја продаде својата уметничка колекција
Францускиот актер Ален Делон ја продаде својата уметничка колекција за повеќе од осум милиони евра. Станува збор за повеќе од 80 уметнички дела во сопственост на актерот. – Тој не сака постхумни аукции – изјавила актерката Анучка Делон, ќерка на 87-годишниот актер, за француските медиуми.
Повеќе од 80 дела од неговата уметничка колекција се појавија на аукција минатата недела, вклучувајќи го и „Заливот Сен-Адрес“ на Раул Дуфи, кој достигна цена од повеќе од милион евра. Продажбата беше шеста аукција на дела од колекцијата на актерот.
Претходно, меѓу другото, на продажба се најдоа и негови часовници и бронзени скулптури.
コメント