Алексовски од квалификации до финале на турнир во Солун тенис
- Aleksandar Santovski
- Jul 30
- 1 min read
30.07.2026 juli cetvrtok
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат откако на турнирот за играчи до 18 години Ј30 Солун преку квалификациите стигна до финалето, каде му недостасуваше малку среќа да заврши и како победник. Алексовски на патот до финалето одигра осум мечеви, постигна седум победи и го елиминираше првиот носител на кој му препушти само четири гема.
Во најголемиот дел од мечевите Алексовски играше против тенисери, кои се две до три години повозрасни од него.
Резултати на Марко Алексовски на Ј30 Солун:Прво коло (квалификации): Одисеас Константину (Грција) 2-0 (6-1, 6-0)Второ коло (квалификации): Фоивос Фасас (Грција) 2-1 (6-2, 3-6, 10-5 на поени)Трето коло (квалификации): Тајсон Себастијан Грант (Италија) 2-0 (6-3, 6-4)
Резултати на главниот турнир:Прво коло: Енцо-Зепир Ле Кадре (Франција) 2-0 (6-0. 6-4)Второ коло: Александрос Аверис (Грција, прв носител) 2-0 (6-1. 6-3)Четвртфинале: Едоардо Пањони (Италија, петти носител) 2-1 (6-4. 4-6. 7-5)Полуфинале: Денис Валентин Драгомир (Романија) 2-0 (6-.1 6-2)Финале: Лазар Младеновиќ (Швајцарија, втор носител) 1-2 (4-6. 7-5. 46)
Марко Алексовски веќе следната недела го очекува настап на турнир во Софија исто така во конкуренција за играчи до 18 години.






Comments