Александер-Арнолд: Знаеме како да го предизвикаме Сити, донесовме топ засилувања
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2023
- 1 min read
Ливерпул беше далеку од борбата за титулата во Премиер лигата во натпреварувачката 2022/2023, но во таборот на „црвените“ постои оптимизам дека работите ќе бидат поинакви во престојнава сезона.
Еден од најстандардните играчи во екипата, Трент Александер-Арнолд верува дека тие ќе го предизвикаат Манчестер Сити кој веќе некое време доминира во англискиот фудбал.
-Знаеме како да ја освоиме лигата, знаеме како да го предизвикаме Манчестер Сити и да се бориме против него. За да го направите тоа, треба да бидете речиси совршени во текот на целата сезона. Нашите мисли се насочени во оваа насока. Се е до упорност. Минатата кампања имавме добри резултати против големите тимови, но невнимателно испуштивме многу бодови, особено на гостински терен. Тоа се работите што мислиме дека треба да ги поправиме, -истакна Трент кој е презадоволен од новите имиња кои пристигнаа на „Енфилд Роуд“-Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи.
-Топ играчи. Многу возбудливи додатоци на клубот и тимот. Технички одлични фудбалери кои можат да ја примат топката и добро да играат со неа. За играчи како мене кои сакаат да додаваат, ова се играчи од соништата, заклучи Александер-Арнолд за кого останува да видиме дали ќе игра како бек или како крило во новата сезона.

Comments