Алекс Фергусон учествувал во убедувањето на Роналдо да го одбие Сити
27.08.2021 Avgust Petok
Манчестер Јунајтед успеа да направи пресврт во транфер сагата со Кристијано Роналдо и веќе станува извесно дека ќе го врати Португалецот во своите редови.
Додека се очекува официјална потврда од клубот, од Италија стигнаа информации дека Јувентус и Јунајтед имаат договор за трансферот, кој веројатно ќе донесе 28 милиони евра во клупската каса на „бјанконерите“.
Она што најмногу ги изненади фановите е пресвртот, по кој наместо во Сити, Роналдо ќе заврши во Јунајтед, а локалните медиуми тврдат дека имало две причини.
Првата е што Глејзерови како сопственици на Јунајтед се „разбудиле“ поради реакциите на фановите и решиле да му парираат на Сити со понудата, дури и полесно да ги прифатат сите барања на Јувентус и фудбалерот.
А, втората и секако важна е телефонскиот повик кој Роналдо утринава го добил од Алекс Фергусон. Менторот на Португалецот успеал да излобира поддржан од финансиската понуда на клубот и има дел од заслугите што Роналдо нема да ја „издаде“ црвената страна на градот Манчестер.
Comments