Search
Алекс Родригез и Мелани Колинс облечени во тон
Тие уживаа во луксузно патување во Сен Тропе возејќи се на крузер изминатава недела. А, Алекс Родригез и ТВ-водителката Мелани Колинс во средата беа забележани додека шетаат и разгледуваат продавници во францускиот град. 46-годишникот и Мелани, двајцата облечени во бела облека, посетија голем број продавници само неколку часа откако неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез, која моментално е во Италија со Бен Афлек, застана во истите објекти. Таблоидите шпекулираат дека Бенифер (Бен и Џенифер) заминале за Италија откако дознале дека поранешниот свршеник на Џенифер е во Сен Тропе.
Comments