Алек Болдвин: Безбедноста на оружјето на филмските сетови треба да ја надгледува полиција
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2021
- 1 min read
Додека Холивуд размислува за нови безбедносни мерки по фаталното пукање на снимањето на вестернот Rust, актерот Алек Болдвин во понеделникот изјави дека филмските и ТВ-продукциите треба да ангажираат полицајци да го надгледуваат оружјето на сетовите. Според канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Болдвин случајно ја застрелал и ја убил снимателката Халина Хачинс со пиштол со кој вежбал за сцена со пукање, а за кој му било кажано дека е безбеден. Властите се обидуваат да утврдат како вистински куршум се нашол во пиштолот што му го дале на Болдвин. Инцидентот се случи на 21 октомври. Во меѓувреме, продуцентите и актерите размислуваат дали треба да се преземат нови чекори за да се спречи слична трагедија во иднина. Болдвин смета продукциите треба да ангажираат полиција за да се осигурат дека пиштолите што се користат при снимањето се безбедни.

Comments