Алегри му го продолжи договорот на играчот кој Пирло го испрати на позајмица, навивачите збеснаа (Фо
Матија Де Шилјо своевремено важеше за најталентиран дефанзивец во Италија, но откако не ги исполни очекувањата во Милан, малкумина веруваа дека Јувентус ќе се реши за потег кој денеска сепак се реализираше.
Де Шилјо дебитираше во Милан под водство на Макс Алегри, а токму италијанскиот стручњак е одговорен за одлуката на Јувентус сепак да му го продолжи договорот кој истекуваше на крајот на овој месец.
Добар дел од фановите сметаа дека Де Шилјо ќе си оди како слободен агент, но наместо тоа, денеска потпиша повеќегодишен договор и ќе остане во клубот до 2025-та година.
Оваа вест не ги воодушеви тифозите на Јувентус и огромен дел испраќаат негативни пораки на објавата за продолжување на соработката, без оглед на фактот што дефанзивецот се согласил на значително намалување на платата само за да остане.
Со новиот договор, Матија ќе добива 1,5 милион годишно, што е речиси за половина помалку од она што досега му беше гарантирано од страна на клубот. Само за потсетување, Де Шилјо не беше во плановите кај претходникот на Алегри, Андреа Пирло, па дефанзивецот минатата сезона ја мина на позајмица во Лион.
Comments