top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алегри за долгиот список повредени играчи: Веќе не можам ни да се сетам на сите

Јувентус го дочекува дербито со ПСЖ со можност да се бори само за место во Лига Европа, а и тоа нема да биде лесна задача во дуелот Мбапе, Меси и останатите.

Италијанскиот состав сезонава има многу проблеми со повредите, последни отпаднаа МекКени и младиот Илинг, а тренерот Макс Алегри денеска изјавил дека има толку повредени играчи што веќе не може ни да ги доброи сите.

– Сезонава имаме повреди кои не се само мускулни. Сигурно не правиме се најдобро, но имаме и друг вид повреди.

– Сепак треба да зборуваме за актуелната ситуациј, Ди Марија и Бремер ќе се вратат за дуелот со Интер, а една недела подоцна се надевам и Паредес.

– За другите ќе мора да го почекаме јануари. Влаховиќ не е во комбинација за утре, ќе видиме дали ќе биде за дуелот со Интер. Навистина многу фудбалери недостасуваат, дел поради годините, а дел поради должината на списокот, не можам да се сетам на сите, – потенцирал Алегри.


0 views

Comments


bottom of page