Алегри за доделувањето на Златната топка: Не знам на што ја базираа нивната одлука
Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри проговори за неодамна завршената церемонија организирана од „Франс Фудбал“ на која се додели популарната награда Златна топка.
Престижното признание по седми пат во историјата замина во рацете на Лионел Меси, а за прв пат годинава се крена голема прашина околу изборот за најдобар фудбалер на планетата.
Според многумина, Меси не ја заслужи Златната топка која требаше да замине во рацете на Роберт Левандовски кој ја заслужи и минатата година, но кој не ја доби поради ковид пандемијата.
Стратегот на Јувентус истакна дека технички Меси е најдобар фудбалер во моментов, но посочи дека не знае од каде дошла таквата одлука и на што се базира истата.
– Го избраа Меси и можеме да кажеме дека технички тој е најдобриот светски фудбалер, но јас навистина не знам на што ја базираат нивната одлука, -изјави кратко Алегри.
Comments