top of page
Search

Алегри го „пецна“ Дибала: Не може така да се однесува, мислеше дека е новиот Меси

Предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри во интервјуто за „ДАЗН“ говореше на интересни теми како борбата за Скудетото, стилот на игра, иднината на „старата дама“, новите лидери, но меѓу другото имаше што и да каже за Пауло Дибала.

Аргентинецот дефинитивно си заминува од Торино и тоа како слободен играч, потег кој донесе големо разочарување, негодување кај дел од навивачите, потег за кој времето ќе покаже дали е исправен.

Дибала може да остане во Италија и да се пресели во клубови како Интер или Рома, но додека чекаме одговор на тоа прашање Алегри го „пецна“ играчот кој досега ја носеше „десетката“ кај „старата дама“.

-Дибала мора да си се врати на себе, имаше моменти кога го понесоа приказните дека е новиот Меси. Играчот не може да се однесува или да размислува да биде како другите. Има уште многу да даде, бидејќи има извонредни технички квалитети, игра на божествен начин, -истакна популарниот Макс.


1 view
bottom of page