Search
Алегри го казнил Погба, Французинот нема да игра против Фрајбург
- Aleksandar Santovski
- Mar 9, 2023
- 1 min read
Јувентус долго го очекува целосното враќање на Пол Погба во составот, а Французинот продолжува да ги иритира клубот и фановите со потези кои само го одложуваат овој процес.
Откако првично одбиваше операција, а подоцна паузираше долго по оперативниот зафат, Погба почна да добива мала минутажа, за сега да добие казна од Макс Алегри како дисциплинска мерка.
Французинот задоцнил на вчерашниот собир кој бил почеток на карантинот пред дуелот со Фрајбург и затоа нема да биде во комбинација за вечерашниот натпревар.
Алегри го потврди составот за дуелот од осминафиналето на Лига Европа, а покрај казнетиот Погба, во конкуренција не е и повредениот Де Шилјо.

Comments