Алегри: Влаховиќ и Милик можат да играат заедно
Макс Алегри денеска ја одржал вообичаената прес-конференција како најава за новото коло во Серија А, а неговиот Јувентус ќе има тежок предизвик во дуелот со Рома.
Тоа значи враќање на Пауло Дибала во Торино, но сега како противник на „бјанконерите“, но и соочување со тимот на Жозе Мурињо кој има неколку засилувања и добар почеток на сезоната.
Алегри го коментирал и ангажирањето на Арек Милик, за кого тој не се согласува дека не може да игра во комбинација со Душан Влаховиќ.
– Среќен сум поради доаѓањето на Милик, направивме добар избор, ангажирајќи фудбалер со одлични бројки.
– Тој е играч кој сака да се повлече за да добие топка, па сметам дека може да игра заедно со Влаховиќ. Мора да ја чекаме административната дозвола, се надевам дека ќе може да настапи утре. Се уште не сум донел одлука дали ќе биде стартер, – изјавил Алегри.
Comments