Алберто му донесе победа на Лацио, па си ја отвори душата: Преку глава ми е…
- Aleksandar Santovski
- Sep 8, 2022
- 1 min read
Лацио го одбрани домашниот терен и оствари триумф над Феенорд од 4-2 во првото коло од групната фаза во Лига Европа.
Еден од најдобрите актери на теренот беше шпанскиот интернационалец Луис Алберто кој даде гол, запиша асистенција, а по средбата одлучи да се отвори и посочи некои работи кои го гушат во изминатиов период.
-Малку сум уморен да слушам што сакаат луѓето да кажат. Веќе некое време кога победуваме, победуваме заедно, кога губиме, поради некоја причина е виновен Луис Алберто. Уморен сум од ова, играм за тимот, не против него. Ако тренерот ме одбере, тоа е затоа што мисли дека е најдобро за тимот, никој не му држи нож и го принудува тоа да го направи.
-Јас ги немам карактеристиките на другите играчи кога станува збор за одбрана, тренерот бара од мене да ја додадам топката наоколу и тоа се обидов да го направам денеска, -рече Алберто кој искрено говореше и за неговата желба да го напушти Лацио во летниот преоден рок.
-Секогаш велев дека сакам на крајот да се вратам во Севиља, бидејќи тоа е мојот дом, мајка ми старее и сака да сум поблиску до неа, тоа е природно. Сакав да се вратам во Шпанија, никогаш не именував конкретен клуб. Ако останев во Италија, тогаш сум многу среќен во Лацио и нема потреба да одам на друго место. Кога беше јасно дека е невозможно да се оди во Шпанија, бев задоволен што останав, -заврши офанзивецот.

Comments