📽 АЛБАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МЕГАФОН ГИ ПЦУЕ МАКЕДОНЦИТЕ И СРБИТЕ! Мирлинд Даку предизвика скандал на ЕУРО 2024
20.06.2024 juni Cetvrtok
УЕФА веќе ѝ изрече казни на албанската фудбалска федерација за однесувањето на навивачите на ЕУРО 2024, а сигурно ќе има дополнителни санкции и за испадот на Даку.
ИЗБОРСПОРТ
Од Плусинфо Објавено 19/06/2024 22:03:02
фото: принтскрин
Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку предизвика скандал по ремито на Албанија против Хрватска во 2 коло од Европското првенство во Германија.
Со гол во судиското продолжение, Албанија изедначи на 2-2 и успеа да и земе бод на Хрватска. Покрај сензационалниот резултат, натпреварот го одбележаа бројни провокативни пораки од албанските навивачи на трибините. Но уште поголем скандал предизвика Даку кој по натпреварот го зеде навивачкиот мегафон и заедно со публиката упатуваше пцовки за Македонците и за Србите, пренесува Спорт1.
Можеби ќе ве интересира
МИА 20/06/2024
Плусинфо 20/06/2024
УЕФА веќе ѝ изрече казни на албанската фудбалска федерација за однесувањето на навивачите со 10.000 евра за палење факели, 12.375 евра за фрлање предмети, 5.000 евра за навивачите кои упаднаа на теренот и 10.000 евра за пораките што беа видени на трибините.
Најверојатно ќе има и дополнителни казни за Албанија за однесувањето на навивачите и на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на кој од трибините на стадионот во Хамбург се слушаа извици како „Убиј го Србинот“ и „Срби на врбите“. А, сигурно нема да остане без санкција ни испадот на Даку.
Kommentare