Search
Ал Пачино држи ритам, танцува среде прошетка на сонце
- Aleksandar Santovski
- Feb 11, 2022
- 1 min read
Ал Пачино во четвртокот напладне беше фотографиран како танцува на улица додека се шета низ Беверли Хилс, Калифорнија. 81-годишниот актер, кој одигра незаборавно танго во „Мирисот на жената“ – филм од 1992 година за кој доби и „Оскар“ во категоријата најдобар актер во главна улога – не погреши ниту еден чекор кога беше забележан како танцува на улица среде прошетка на сонце. Тој, најверојатно, слуша музика со слушалки на ушите што ги поврзал на својот телефон. Сцена од филмот „Мирисот на жената“



Comments